
„Има сосема доволно време. Планираме да седнеме и да разговараме со Пирло во февруари, да видиме дали ќе можеме да се договориме“ – изјави член на управата на Јувентус за италијанските медиуми.
Ваквиот став на раководството на „старата дама“ е јасен знак дека тие не го планираат Пирло во тимот за следната сезона, со оглед на фактот дека овој фудбалер веќе во јануари ќе има можност да потпише преддоговор со некој од клубовите што сакаат да го видат во своите редови. Манчестер јунајтед и Манчестер сити се споменуваат како најзагреани за услугите на италијанскиот ветеран, двата англиски гиганти подготвуваат понуди повисоки од она што Пирло во моментов го заработува во Јувентус, па скоро сигурно е дека овој играч наскоро ќе почне да си ги пакува куферите и следното лето ќе го напушти најтрофејниот италијански клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


