| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети земјоделски семињаи пестициди со изминат рок

семињаДржавниот земјоделски инспекторат информираше за заплени на разни колични од семенски материјал, земјоделски ѓубрива, пестициди и суровини со изминат рок кои се појавиле на македонскиот пазар. Директорот Румен Стаменов истакна дека запленетиот материјал ќе биде предаден на Управата за запленета стока во Битола.

– Без дозвола и без одобрение на Управата за семе и саден материјал извршено е препакување на стоката која без официјални етикити е пуштена во промет. Стоката е повлечена од сите земјоделски аптеки. Станува збор за 9.513 килограми разни видови семиња, грашок, спанаќ, треви, луцерка и друго. Исто така запленети се 40 литри пестициди со поминат рок од една година но и повеќе. Одзедовме и 600 килограми течни ѓубрива, посочи Стаменов.

Паричната казна за овој прекршок изнесува околу 14.000 евра која прекршителите од неколку македонски градови, веќе ја платиле со што прекршокот е признат. Од Државниот земјоделски инспекторат најавија засилени контроли на целата територија на државата во овој период на интензивна есенска сеидба, но и контроли на граничните премини каде се увезува семенски материјал за потребите на земјоделските производители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top