Ненајавените инспекциски надзори во скопските клиники ќе продолжат и во текот на викендот, како и во тек на следната недела, соопштија од Министерството за здравство.
Според Арбен Таравари, предвидено е да се изврши надзор во сите универзитетски клиники, како и во други јавни здравствени установи низ државата.
– Целта е одблиску да се увиди состојбата во установите и да се донесат конкретни мерки, доколку се воочат определени недостатоци – изјави д-р Таравари.
Претходно, инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и претставници од кабинетот на министерот за здравство синоќа извршиле вонреден инспекциски надзор во неколку скопски клиники, соопштија од Министерството за здравство. Инспекторите биле во посета на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Ургентен центар, Трауматологија, Ортопедија и Институт за белодробни заболувања и туберкулоза.
Целта била да се провери континуитет во одржување на општите санитарно-хигиенски и санитарно-технички услови во објектот; почитување на работното време, континуирана покриеност на приемните амбуланти за итни случаи, почитување на Законот за заштита од пушење, контактирани по случаен избор пациенти во однос на етички и професионален однос на здравствените работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.