Условите за влез на Романија и Бугарија во Шенген-зоната не се исполнети, изјави денеска портпаролката на француската Влада Нажат Вало-Белкасем.
– Да, Франција вели „не“ имајќи го предвид фактот дека во пракса условите не се исполнети. Франција не е единствената која денес вели не, прецизира Вало Белкасем во изјава за радиото Ер-Ем-Се.
Министерот за надворешни работи на француската Влада Мануел Валс неодамна изјави дека до тој момент „не е донесена одлука за членство на Романија и Бугарија во Шенген“.
Реакција од Романија: Ромите се веќе во Франција
Букурешт смета дека “нема врска” меѓу прашањето за Ромите и пристапувањето во Шенген зоната за слободно движење, велејќи дека Ромите веќе се во Франција, а Романија не е во Шенген.
-Нема врска меѓу Ромите и влегувањето во Шенген – ниту практична, ниту правна- изјави романскиот премиер Виктор Понта пред романски медиуми.
-Ромите се веќе во Франција, додека Романија сеуште не е дел од Шенген- истакна тој.
Романскиот премиер потсети дека Париз го изразил својот став во јули за време на посетата на Букурешт на францускиот премиер Жан-Марк Еро, кој рече дека Франција продолжува да го поддржува пристапувањето на Романија во Шенген во две фази.
Романија и Бугарија, кои се членови на ЕУ од 2007 година, се стремат да се приклучат на Шенген зоната од 2011 година, но земјите како Холандија сметаат дека тие треба да постигнат дополнителен напредок во борбата против корупцијата. Во 2011 година Франција исто така се спротивстави на влегувањето на Романија во Шенген. Во врска со прашањето со Ромите Понта соопшти дека неговата влада мора да спроведе стратегија за нивна интеграција и тоа веќе се прави. Во Романија живеат меѓу 600 000 (податоци од пописот на населението) и два милиони Роми (податоците на невладините организации). Според различни истражувања има меѓу 15 000 Роми од Романија и Бугарија во Франција, а зад нив како најпосакувана дестинација се рангираат Шпанија и Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


