| четврток, 6 декември 2018 |

Набавени најсовремени апарати за Клиниката за ревматологија

Премиерот Никола Груевски, министерот за здравство Никола Тодорoв и министерот за образование и наука Панче Кралев, денеска на Клиниката за ревматологија пуштија во употреба три нови лаборатории

todorov500.Still010-Набавен е најсовремен апарат за мерење на густината на сршта на коските и дијагностицирање на поголем број чести болести, како што е остеопорозата.  Вториот апарат е една елиса на која се прават испитувања за автоимуни заболувања. Третиот апарат е ехо апарат кој е најсовремен и досега сме го немале, а кој се користи за многу прецизна и навремено дијагностицирање, а во определени случаи и за превенција, изјави министерот Тодоров.
Тој рече дека е многу задоволен од  користењето на апаратите.

-На пример, на остеодензитометарот досега има над 700 прегледи и тоа е одлична бројка. Прегледот трае малку подолго, од еден до час и половина, и не може да се прегледуваат повеќе од шест до десет пациенти на ден, но имаме одлична динамика на искористенот на апаратот, рече Тодоров.
DSC_669550000000

Сите апарати се во вредност од над 12 милиони денари и покрај за научно-истражувачка работа, служат за дијагностицирање и функција на здравствениот систем.
tod500orov.Still006

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top