| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарите ќе се облекуваат во „Спортиве“

Македонските кошаркарски репрезентации во иднина ќе го носат турскиот бренд „Спортиве“, соопштуваат од МКФ.

Сениорите ќе се борат за пласман во квалификациите за Светското првенство 2019 носејќи комплетна опрема од „Спортиве“ додека сениорките во ноември ќе се борат за пласман на Европското првенство 2019 носејќи опрема од истиот производител.

Покрај македонската репрезентација, „Спортиве“ е долгогодишен партнер и на турските сениорски репрезентации, како и на клубовите Банвит, Бујукчекмеџе, Пинар Каршијака, Бест Баликесир, Тофаш, Газиантеп, а оваа година беше и снабдувач на спортска опрема на турскиот „Ол-стар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top