| четврток, 6 декември 2018 |

И на Клиниката „Св. Наум Охридски“ ќе се врши мамографија, Клиниката доби нова опрема

Нов апарат за колоноскопија и гастроскопија, ехо апарат и мамограф се набавени и инсталирани во Универзитетската клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски“ во Скопје. Првпат во поранешната Градска болница ќе има мамограф, што е за посебно обележување. Досега  пациентите биле префрлани во други здравствени установи.

-Од тие причини сметавме дека е потребно  да се набави ваков мамограф. Опремата е во вредност од околу 20 милиони денари кои се набавени и ставени во функција. Инаку набавуваме опрема во вкупна вредност од околу 63 милиони денари за која што опрема процедурата за набавка или е во тек или веќе се склучени договорите па се чека на испорака. Очекуваме оваа дополнителна опрема да стигне некаде до крајот на месец мај, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

oprema1

Со опремата која што и претходно е набавена и онаа планираната, станува збор за силен инвестициски зафат во Универзитетската клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски“. Вкупната инвестиција би изнесувала околу 2 милиони евра.

а прв пат во оваа институција ќе се работи мамографијата и ќе влезе во редовната клиничка пракса како дијагностичка процедура. Ултрасонографот е модерен апарат надополнет со еластографја која што метода за прв пат ќе се изведува Македонија во јавното здравство. Оваа метода е ефективна и комплементарна која што заедно со ултразвукот допринесува за испитување и разликување на малигни од бенигни лезии и на тој начин ја намалува потребата од непотребните биопсии кај овие промени, рече директорката Д-р Јасминка Чабуковска-Радуловска.

oprema4

Првенствено методата ќе се изведува кај пациенти со промени кај дојката но има примена и кај пациенти со промена на мускуло-скелетниот систем. Апаратот за колоноскопија и гастроскопија е најсовремен модерен апарат кој што овоможува подобра визуелизација и истовремено покрај дијагностичка обезбедува и терапевтска процедура.

– Добивме два апарати катмографи коишто се од особено значење во делот на интензивно лекување и реанимација за следење на вентилацијата кај пациентите на хипо и хипервентилација. Преку неа се следи кај неоперираните и кај оперираните пациенти. Кај оперираните дополнително сознанија за позицијата на тубусот или за степенот на вентилираност на овие пациенти коишто се иследуваат и третираат во оваа институција, рече д-р Чабуковска Радуловска.

oprema6

Кликната “Св. Наум Охридски“ годишно има околу 65.000 пациенти, повеќе од 220.000 услуги и околу 4.300 операции.

oprema8

-Очекувам да се зголеми и квалитетот на здравствените услуги кои што се даваат затоа што со набавката на нова и најсовремена опрема се овозможува повисок степен на точност во дијагностицирањето, поголема кредибилниот на резултатите и на тој начин подобро функционирање на докторите и на институцијата во целост, заклучи Тодоров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top