| четврток, 6 декември 2018 |

Емир Спахиќ го давел портпаролот на клубот

Триесет и двегодишниот босански интернационалец Емир Спахиќ, кој од ова лето е дел од тимот на Баер Леверкузен, од банални причини му се нафрлил на портпаролот на тимот и почнал да го дави.

Целата кавга почнала поради тоа што Спахиќ го паркирал својот автомобил на местото од претседателот на клубот пред стадионот, тука почнуваат проблемите за портпаролот Дирк Меш бидејќи требало да му каже на Спахиќ да го премести својот автомобил.

Меш се одлучил на сосема спротивното, решил без да му каже, сам да го премести автомобилот, но Спахиќ го видел, го извадил од автомобилот и почнал да го дави.

Случајните сведоци успеале да ги раздвојат, а од клубот не најавиле казна за ниеден од  двајцата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top