Општина Илинден објави продажба на градежна парцела наменета за изградба на дом за стари лица во повеќенаменската зона Ограѓа. Површината на градежната парцела изнесува 9.982 квадратни метри, а површината на градбата е 4.486 квадратни метри.
Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица што ќе достават пријава за учество во електронско јавно надавање, која треба да се достави до 4.11.2013 година на адресата на Општина Илинден. Реализацијата на овој капитален проект „Дом за стари лица“ е една од зацртаните цели и капитални приоритетни проекти во стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.