– Седум месеци не играше поради повреда, а потоа се врати и освои 10 од 13 турнири. Тоа е невозможно. Никој не верува дека Надал не се допингува. Замислете и тестирањата да го потврдат истото. Во тенисот има многу манипулации и допинг, а јас ја платив цената за сите останати. Сега ги закочија и Виктор Троицки и Марин Чилиќ, а зошто? – изјави Келерер.
Шпанските медиуми после изјавата побараа изјава и коментар од тренерот на Надал, Тони Надал, а тој одговори:
– Ова се изјави од човек што нема голем кредибилитет и дава изјави без врска.
Покрај изјавата за Надал, Келерер има дадено изјава и за Давид Ферер дека е страствен пушач и дека на паузата додека играл против него тој пушел и добил уште поголема сила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.