| четврток, 6 декември 2018 |

Твитот на Пике: Гледав суперкомедија меѓу Елче и Реал на „Канал плус“ (видео)

Жерард Пике на шеговит начин се приклучи на лавината критики упатени кон судијата Муњис Фернандес, кој му подари пенал на Реал Мадрид против Елче во 94. минута, за победа на „кралскиот клуб“ од 2-1 на гостински терен.

– Гледав суперкомедија меѓу Елче и Реал на „Канал плус“. Беше многу забавно – објави синоќа Пике на „Твитер“. Алузијата е јасна и се однесува на смешниот пенал во самиот финиш, со кој големиот Реал го победи аутсајдерот Елче.

Домашниот играч Карлос Санчес и гостинскиот стопер Пепе паднаа во шеснаесетникот откако обострано се влечеа, а топката воопшто и не беше упатена кон нив, по корнерот на Илјарименди. Судијата Фернандес на општо изненадување покажа на белата точка, а Кристијано Роналдо со вториот погодок на мечот му донесе победа на Реал Мадрид.

Пике, кој игра за Барселона, вечниот ривал на Реал, веднаш се „јави“ на Твитер со пораката.

Подоцна Алваро Арбелоа, бекот на Реал, му возврати на Пике, со изјава дека е добро кога некои луѓе ќе го заменат театарот со филм. Реагираше и Карло Анчелоти, тренерот на клубот од Мадрид.

– Пике треба да зборува на теренот. Во секој случај, вредат победата и бодовите. Ако го повториме ова издание, немаме шанси за триумф против Атлетико Мадрид викендов – изјави Анчелоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top