| четврток, 6 декември 2018 |

Лех Валенса бара обединување на Полска и Германија

leh valensa

Поранешниот полски претседател вели дека светот се променил, па затоа сега е потребно организирање нови насоки.

Лех Валенса (69) вели дека светот се променил, па затоа сега е потребно организирање на нови насоки за да се продолжи понатаму.

– Потребни се раст на економијата и одбранбената соработка, како и уредување нови структури за да се создаде една држава од Полска и од Германија – објаснува некогашниот лидер на независниот синдикат „Солидарност“ и добитник на Нобеловата награда за мир.

Тој смета дека државните граници веќе не се толку важни како што беа некогаш.

– Иако Полјаците не ја забораваат германската инвазија и бруталната окупација во 1939 година, историјата не смее да биде пречка за едно вакво обединување – вели Валенса.

Поранешниот претседател потсетува дека по војната, Германија ги призна сите свои валкани работи, па затоа сега е време да се повлече линија за минатото, „дури и тогаш кога луѓето имаат сторено некое зло“.

Лех Валенса од порано е познат како силен поборник за потесна интеграција во ЕУ, па неговиот предлог за обединување на Полска и на Германија претставува пример за натамошно продлабочување на европските интеграциски процеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top