| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледаше Мис Македонија на изборот за Топ Модел (ФОТО)

Кристина Спасеноска сѐ уште ја очекува свечената тоалета во која треба да настапи на големото финале на „Мис свет 2013“. Во меѓувреме, на изборот за Топ модел, кој се одржува во рамките на овој најголем натпревар за убавина во светот, Кристина со останатите 126 кандидатки, синоќа во Бали продефилира во креација на еден од 48 индонезиски дизајнери задолжени за девојките.

Мис Македонија не успеа да влезе помеѓу 10-те најзгодни, од кои една, на финалето на 28-ми септември, че ја понесе титулата Мис Топ модел.

finalistki miss world

Според коментарите на социјалните мрежи кои пристигнуваат од сите страни на светот, Кристина изгледа прекрасно, но под итно мора да си го смени изразот на лицето и да почне почесто да се смее како и останатите мисици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top