Експлозија на влезот на зградата на даночната служба ја потресе Атина изутринава, пренесе АНА-МПА.
Предизвикана е само материјална штета, а заканата за бомба била најавена телефонски до неколку медиуми и во полициската единица за брза интервенција. Веднаш по најавата полицијата го блокирала реонот околу зградата на службата. Се претпоставува дека експлозијата е дело на анархистички групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.