| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец одгледал џиновски домат тежок еден килограм

Во дворот на охриѓанецот Борис Ѓорѓиоски, деновиве созреа џиновски домат од сортата јабучар, кој тежел безмалку еден килограм. Како што јави охридњуз.ком овој вид „охридски јабучар“ се поретко може да се најде во градот, но овој охриѓанец успеал да одгледа неколку корени еколошки домати.

„Се работи за охридски стар јабучар кој полека се губи во нашиот град. Доматот е потполно еколошки израснат, додека на истиот корен имаше уште шест патлиџани слични на него, помали за некои 100 грама.“ – вели охриѓанецот.

domat ohrid

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top