| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската убавица без фустан на ден пред изборот за Мис на светот

Mis-na-Makedonija-2013-08

На само ден пред одржување на Изборот за мис на светот, македонската прет­став­нич­ка Кристина Спасеноска сe уште нема што да облече за изборот што се одржува во Индонезија, пишува Вест.

Македонската убавица веќе две недели е на подготовки во оваа земја, а свечениот фустан го немаше уште од самото тргнување од Македонија. Ако не стаса до задутре, мисицата вели дека на изборот ќе се појави во тоа што и е на располагање.
– Кога тргнав од Скопје, организаторката Лидија Велковска ми даде неколку фустани, понесов и јас мои, но ниеден од тие не е доволно добар за да се појавам на сцената в сабота вечер. Секој ден го чекам, но го нема. Пред да тргнам само ми зедоа мерки и ми рекоа дека ќе го направат и ќе го пуштат по брза пошта. И толку. Фустанот сè уште не е стасан, и не знам дали воопшто ќе стаса. Лидија Велковска уште пред две недели ми рече дека е пратен, ама го нема. Јас дојдов да ја претставувам Македонија, и ќе се појавам онака како што ме подготвиле. Штета ако за финалето на главното претставување не се појавам во вечерна тоалета – изјави Кристина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top