| четврток, 6 декември 2018 |

Кралски подарок за Реал Мадрид, судијата им досуди смешен пенал за победа (видео)

Убав, кралски подарок доби Реал Мадрид од судијата Муњиз Фернандес, кој досуди пенал за шпанскиот гигант во последните мигови од мечот со Елче. Кристијано Роналдо не пропушти да го искористи подарокот и реализира за победа на фаворитот од 2-1.

Реал поведе со голот на Роналдо од слободен удар на стартот од вториот дел, а драма најави Боакје со израмнувачки погодок за Елче во втората минута од судиското продолжение. Фудбалерите на Реал Мадрид веднаш тргнаа во напад, а по корнерот што го изведе Илјарименди неговиот соиграч Пепе падна како покосен во дуелот со Санчес од Елче. Двајцата фудбалери се влечеа меѓусебно, а топката беше далеку од нив. Сепак, изненадувачи арбитарот Фернандес покажа на белата точка, а Роналдо погоди за нови три бода за Реал.

Синоќа победи славеа и Севилја со 4-1 против Рајо Валјекано, односно Валенсија на гости со Гранада од 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top