ФБИ објави видео од убиецот Арон Алексис на кое се гледаат снимки направени непосредно пред масакрот во морнаричката база во Вашингтон. Според нив триесет и четири годишниот Алексис, не нишанел во конкретни лица во моментот кога отворил оган и уби 12 лица. Шефица на теренската канцеларија на ФБИ во Вашингтон, Валери Парлав, посочува дека сѐ уште се истражува минатото на Алексис, како и неговите мотиви за убиството. Според неа тој имал документирана историја на ментални здравствени проблеми. Според ФБИ Алексис бил убеден дека е под контрола на многу нискофреквентни бранови, или ЕЛФ-бранови. На пушката што ја користел при престрелката напишал „моето ЕЛФ-оружје“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


