Момчето што некогаш ја пееше детската песничка „Марионка“ денес го освојува светот како оперски пејач. Васил Гарванлиев вели дека сега „живее во куфер“, патувам цела година од договор до договор (Амстердам, Швајцарија, Лондон, Чикаго, Њујорк, Торонто, Париз, итн.).
-Од седма година сум соло пејач и тоа си останав. Почнав со детските фестивали, па хорско пеење и музикли во Чикаго и низ Америка, студирав соло пеење во Кралскиот конзерваторижум во Торонто и Универзитет на Торонто Оперска школа… Шест години со стипендија.Сега веќе две години сум под договор со IMGArtists во Њујорк и Лондон, и сум баритон кој сака светот да го освои со својата приказна и глас – вели тој во интервју за strumicacity.
Тој раскажува дека плачев да не ја пее „Марионка“, песничка која и ден-денеска е хит кај децата.
Се залубив во песната „Вардар’’, лесна лирска бавна песничка. Можеби тоа беше знак дека се бидам оперски пејач – вели Васил, кој во петок ќе направи бесплатен концерт за струмичани.
-Кратко – слатко – едукативно – провокативно – интерактивно – лесно – интересно… и бесплатно! Така ќе биде! – додава момчето што пееше Марионка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


