| четврток, 6 декември 2018 |

ИВЗ се премисли- остануваат на ставот преку разглас да се повикуваат верниците

dzamija zvucki

 

Исламската заедница на Македонија иако пред неколку дена објави дека муезините може да пеат од минарињата, денеска соопштија дека остануваат на ставот преку звучници да се повикуваат верниците, јави Канал 5. ИВЗ преку соопштение упати закани и остра реакција за написите во кои се анализира употребата на силни звучници од минарињата. Преку својата веб страница ИВЗ тврди дека медумските написи на оваа тема  се дел од манипулација на неколку невладини органзиации кои со поддршка на државни органи се обидува да им наштети на исламот и на муслиманите.
Според ИВЗ македонските муслимани иако имаат проблем со тоа, се принудени да молчат за звуците што доаѓаат од православните камбани. За разлика од нив православните верници кои не ги почитуваат другите религии се бунат против употребата на звучници од минарињата на џамиите, се вели во ставот објавен на албански јазик на страната на ИВЗ.

Во врска со изјавата на претседателката на Комисијата за односи со верските заедници која најави дека ќе бара враќање на стариот закон според кој не било дозволено користење на опрема за озвучување туку исклучиво лично пеење на муезините ИВЗ се заканува дека ќе бара да се врати стариот систем. Портпаролот на ИВЗ денеска не беше достапен да објасни дали ИВЗ ќе бара враќање на стариот законски систем кој важел во комунизмот или некаков друг верски систем.

Пред неколку дена во официјален допис од ИВЗ информираа дека според исламските закони доколку има џамија и верници, не се дозволува верниците да се повикуваат во џамии преку емитувани снимки, туку тоа мора да се прави на природен начин само со употреба на човечки глас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top