Францускиот шеф на дипломатијата Мануел Валс е резервиран кон влегувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната од следната година, пишува „Ле Паризјен“ (Le Parisien). „Ако неопходните услови не се исполнети, ние не можеме да го направиме тоа. И засега не, тоа не може да се оствари”, изјавил Валс во интервју за весникот. Се очекува во наредните неколку недели земјите од Шенген зоната да се произнесат по проширувањето на слободната зона со приемот на Бугарија и Романија од 1 јануари 2014.
“Одговорноста на овие земји е да ја обезбедат безбедноста на нивните граници. ЕУ признава дека тие не се подготвени, ќе видиме што ќе се случи понатаму. Имаме една единствена желба, Романија да ги исправи своите грешки, а таа вложува напори”, додал францускиот министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.