
Првата ѕвезда на Оклахома Сити Тандер за ESPN SportsNation, меѓу другото зборуваше и за тоа кој е според него најдобар играч, како и за најдобрата петорка на сите времиња.
Гледајќи го изборот на Кевин Дурент, неговата најдобра петорка на сите времиња во својот состав, со исклучок на Мајкл Џордан (198 сантиметри) нема играч понизок од два метри.
„Мојот плејмејкер би бил Меџик Џонсон, а на ’двојка’ би го ставил Мајкл Џордан. Ниско крило во мојата идеална петорка е Лери Брд, додека на крилен центар веројатно би го ставил Хаким Олајџувон, а центар би бил Шекил О’Нил“ – одговори Дјурант, кој очигледно добро размислил при составувањето на својата идеална петорка ставајќи го на „четворка“, позиција која тој без проблеми можеше да ја игра Олајџувон, иако овој важи за еден од најдобрите центри на сите времиња.
Крилото на Оклахома Сити Тандер немаше многу дилеми за тоа кој би бил МВП во неговата петорка исполнета со НБА легенди.
„Џордан секако. Најдобриот играч кој некогаш стапнал на паркетот“ – додаде Дјурант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


