Медиумите во Турција шпекулираат дека Манчини веќе е во Истанбул на преговори со раководството на Галатасарај. Турскиот шампион откако минатата сезона ја освои титулата, новата натпреварувачка сезона ја почна далеку од очекувањата. Галатасарај во моментов е дури на 11. позиција во првенството на Турција, а на стартот на групната фаза од Лигата на шампионите на домашен терен беше декласиран од Реал Мадрид со 6-1.

За Роберто Мнчини Галатасарај би бил петтиот клуб во тренерската кариера, Италијанецот досега ги водел екипите на Фиорентина, Интер, Лацио и Манчестер сити.