| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен осомничен за убиство во Штип

mvr

Штипајнец е во притвор поради сомнение дека во мај убил сограѓанин.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 43-годишниот К.М. од Штип на ноќта помеѓу шести и седми мај го убил 46-годишниот сограѓанин Столе М.

Приведениот го убил сограѓаниот со неколку удари од тап предмет во пределот на главата. Столе М. беше пронајден мртов на 16-ти мај во неговиот стан во Штип. Полицијата го пронајде неговото безживотно тело по пријава на неговиот татко дека од станот се шири непријатна миризба.

Инаку, МВР соопшти дека К.М. досега е пријавуван за кривични дела против имотот за што има издржувано и затворски казни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top