| четврток, 6 декември 2018 |

Бараат локација за свадба- се венчале на 60 локации низ светот

svadba2

Британците Лиса и Алекс во потрага по вистинската локација за свадба решиле наместо да трагаат преку интернет, совршеното место да го посетат лично. Трагајќи го локацијата од соништата, оваа млада двојка до сега се ветила на вечна љубов на 60 необични места во светот.

– Се е ова неверојатно. Не ни очекувавме дека може да биде вака, вели Лиса.

Го минале половина свет, и на памет не можат да ги кажат сите места што ги посетиле. Иако до сега се ветиле на вечна љубов 60 пати тие не се во граѓански брак.

– Парчето хартија не прави разлика. Ние се ветивме еден на друг и тоа е вистински брак, вели Лиса.

До вистинската свадба решиле да пројдат уште 30 места низ светот. За тоа ќе им требаат уште три години, по што ќе ја одберат локацијата каде што ќе се вратат уште еднаш.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top