| четврток, 6 декември 2018 |

Има ли тајни затвори на ЦИА во Полска?

Полската Влада по вторпат за една година го одбива барањето на Европскиот суд за човекови права да даде информации во врска со наводите дека на територијата на државата има тајни затвори на ЦИА, пишува „Вечер“.
-Доколку владата детално одговори на сите прашања на судот со тоа би можела да се вмеша во надлежност на полското обвинителство и судство, се вели во одговорот од полските власти до Судот, а во кој имале увид западни медиуми.

Полска е единствена држава во која се води домашна кривична истрага за тврдењата дека на нејзино тло се наоѓаат тајни затворски објекти на ЦИА. Доколку се докаже дека полски официјални лица дале согласност за тие затвори, според полските и меѓународните закони тоа би било злосторство.

Судот со седиште во Стразбур се обидува да утврди колку Полска соработувала во тајните американски операции против исламистички милитантни активисти, по повод наводите на Саудиецот Абу Зубајдах кој тврди дека пред 10-на години бил затворен и брутално испрашуван во објект на ЦИА на север во Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top