
Кариерата ја започнува на 16 години, кога неговиот талент е препознаен од Yamaha, и станува нивно заштитно лице за Македонија во 2003 година. За кратко време постигнува огромен успех, искачувајки се помеѓу првите 20 и излегувајки на насловна страница како артист на денот.
Помеѓу неговите бројни успеси, еден од најголемите е солистичкиот настап на Blues and Soul фестивалот, настапот со Грег Рајт, гитаристот на Мајкл Џексон, како и препораката од Брус Иглауер, продуцент и сопственик на водечката светска дискографска блуз фирма “Alligator” од Чикаго кој за него напиша: „Тој е импресивен гитарист кој лесно може да се спореди со сите американски гитаристи од помладата генерација и јас му предвидувам убава иднина”.
Натпреварот трае до 8 март, кога најдобрите 100 гитаристи ќе бидат разгледани од жири комисија, а еден од нив ќе има чест да свири со Ерик Клептон.
извор:кармакаша.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


