| четврток, 6 декември 2018 |

Се мажи Ана Ивановиќ?

Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ во интервју за српското издание на магазинот „Космопилитан“ откри дека од сите страни и пристигнуваат понуди за брак, иано таа нема момче. Никогаш не сум била ни близу до брак и за тоа има време. Иако, ми пријде едно храбро момче додека излегував од теренот по мечот во Австралија и ме праша дали ќе се омажам за него. Кога го прашав колку години има, рече: „Шеснаесет, но можам да почекам”.

„Во секоја врска откривав што ми одговара, а што не и сега би требало полесно да го пронајдам вистинскиот човек. Сакам деца и би сакала да имам големо семејство со најмалку три деца”.

Ана Ивановиќ беше во врска со британскиот бизнисмен и поранешен тенисер Марк Стилитан, која ја заврши на почетокот на летото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top