| четврток, 6 декември 2018 |

Биљана пак бели платно во Охрид

Приказната за најпозната охридска девојка Билјана која платно белела на Охридското езеро, на туристите цело лето им ја раскажува охриѓанецот Ѓоко Јанески. Овој човек на еден несекојдневен и иновативен начин сака да ја доближи легендата за Билјана до домашните и странски туристи.

Дрвена кукла која бели платно е поставена на градското пристаниште во Охрид, а туристите можат да се облечат во нејзината облека па дури и да се фотографираат со неа за само 100 денари или пак да купат некој од сувенирите. Јанески вели дека оваа идеја била стара но оти до сега не ја реализирал и оти на гостите им ги објаснува сите детали поврзани со легендата за охридската убавица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top