| четврток, 6 декември 2018 |

Кили пренесен на Клиника

kili-intervju-02

Актерот Кирил Поп Христов со влошена здравствена состојба е пренесен на клиника за да му направат тестирања. Неизвесно е дели притворот ќе продолжи да го издржува таму или повторно во затворот во Шутка – јави Алфа.

  Адвокатите неколку пати го алармирале судот и затворските власти дека здравјето на актерот е загрозено и дека нема услови да се лекува во притворот. Токму затоа адвокатот бара Поп Христов да остане во болница за да може да му се пружи адекватна помош. Инаку уште пред да го притворат Кили имал упат од лекар да го оперира туморот на грбот кој му ги притиска ребрата и кој му го отежнува дишењето. Сега одново туморот му го комплицира здравјето.
Што се однесува до правниот дел од случајот се очекува Јавното обвинителство да покрене обвинение за него, но и за неговиот брат. Тогаш ќе се знае за кои кривични дела ќе бидат одговорни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top