Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ поради повреда на грбот беше приморан да го предаде мечот во првото на АТП турнирот во Бангкок, против Австралиецот Бернард Томиќ.
Болките во грбот на Карловиќ во третиот сет станале поинтензивни па на резултат 6-7, 6-4, 4-2 хрватот реши да го предаде мечот.
Уште за време на првиот сет лекарскиот тим интервенирал за Карловиќ, по што спасил четири сет топки и на крајот го добил сетот во тај-брејк.
Но во преостанатите два сета не продолжил со истото темпо бидејќи болките премнуго му сметале во движењето, по што му остана само да го предаде натпреварот.
Ова беше прв меч на кој се сретнаа хрваткскиот ветеран Иво Карловиќ и младиот Австралијанец Томиќ, кој во второто коло ќе игра против Жил Симон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


