| четврток, 6 декември 2018 |

МВР ги започна подготовките за локалните избори

Министерството за внатрешни работи ги отпочна подготовките за постапување во рамки на законските ингеренции и обврските кои произлегуваат од нив за локалните избори 2013

kutii1 Со одлука на министерката Гордана Јанкулоска формиран е Оперативен штаб кој треба да ги испланира и реализира сите активности во рамки на републичката акција Избори 2013.

Донесена е агенда и план за обуки на полициските службеници кој треба да го реализира Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а кој се однесува на предизборниот период, односно кампањата, како и на самиот ден на изборите.

Во однос на превентивните активности, МВР отпочна со соработка и со невладини организации кои понудиле проекти за зајакнување на јавната свест во насока на превенција од насилство во текот на изборниот процес. Имено, информираат од МВР, веќе е потпишано писмо со намери, со Џабир Дерала, Претседател на НВО „Цивил“ кои го понудија проектот „Слободни и ненасилни избори 2013“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top