Граѓани, ученици, случајни минувачи денеска во Штип палат свеќи за прерано починатиот Душан Љубисављевиќ-Дуле од познатото дуо Дуле и Коки. Пред домот на културата „Ацо Шопов“ поставен е сад со песок и фотографија во рамка од Дуле, при што граѓаните палат свеќи а во книгата на жалост ги пишуваат последните впечатоци за починатиот музичар. Токму од ова место почна неговата поголема музичка кариера, како победник на фестивалот „Макфест“ со песната „Виолина и гитара“ во 1996 година.

Знамето пред Општината е спуштено на половина копје а низ градот во кафулињата нема музика. Штип жали за загубата … Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев испрати телеграма со сочувство до семејството на починатиот. Дуле ќе биде погребан денеска во 14 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


