Фудбалерите на Црвена Звезда минуваат низ тешка криза. Лошиот почеток на сезоната кулминираше со поразот од Вождовац, по што навивачите на крајот ги навредуваа и ги натераа да ги соблечат дресовите. Сепак по преспиената ноќ, на повик на раководтсвото на клубот, „Делии“ ги вратија дресовите.
По завршувањето на натпреварот играчите на се собраа и застанаа пред трибината каде беше навивачката група Делии, кои не беа задоволни од поразот. Неколку минути ги трпеа навредите од навивачите, а на крајот побараа да ги соблечат дресовите и да им ги предадат нив.
Домаќините славејќи со 1-0 и им го нанесоа вториот пораз на „црвено-белите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.