| четврток, 6 декември 2018 |

Дамјановски: ВМРО-ДПМНЕ било закана за безбедноста на Македонија

cedomir damjanovski

Следените лица во досието „Темел“ биле опасност за безбедносниот систем на државата, а тоа што го правеле било голема работа, вели Чедомир Дамјановски, член на комисјата за лустрација.

– Јас тврдам дека тоа следење било од безбедносни причини. Според мене, целиот врв на партијата требало да биде гонет, протворен, обвинет и да одговара, но најверојатно е некој договор. Договор меѓу власта и опозицијата да не се гонат поради раскинување на националното ткиво. Апсолутно според мене го загрозиле поредок – изјави Дамјановски во 24 Анализа.

Ова според Дамјановски е образложението зошто раководството на ВМРО ДПМНЕ кое било следено од 1995-1998 година не одговарало кривично, иако вели, ја загрозиле безбедноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top