| четврток, 6 декември 2018 |

Заложниците ослободени, кениската војска ја презеде контролата врз трговскиот центар

kenija zaloznici

Кенсиката војска ја презеде контролата над трговскиот центар во Најроби каде што од пред три дена се одвиваше крвава заложничка драма во која беа убиени повеќе од 60 луѓе. Нападот го изврши сомалиската терористичка исламистичка група Ал Шабаб која е поврзана со Ал Каеда, поради, како што наведе, воените активности на Кенија во Сомалија.

По 60 часовната драма, утрово беа ослободени сите заложници кои беа заробени во трговскиот центар. Министерството за одбрана соопшти дека специјалните сили се уште ги пребаруваат сите катови од центарот, но и дека не се исклучува можност да има уште терористи кои се кријат.

Во акцијата биле убиени тројца терористи, а десетина се приведени. Од страната на војската ранети биле 11 војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top