Штип денеска се простува од својот сограѓанин, познатиот македонски пејач Дуле од дуото Дуле и Коки. Неверување, надеж дека се работи за дезинформација пласирана во медиумите… Секоја надеж дека Дуле е сè уште жив се скрши… Дуле замина прерано… На 40 години го напушти светот, згасна животот на човекот што живееше со насмевка, оптимизам и многу музика. Го нарекуваат кралот на живата свирка… Тие, а такви се многумина, кои имале можност да присуствуваат на свирка на Дуле и Коки знаат зошто, знаат за забавата која тие им ја приредуваа, ќе ја паметат атмосферата што Дуле ја создаваше…
И додека штипјани и неговите најблиски се одделуваат со него ние го испраќаме со негоата најголема љубов – музиката… Ова се најголемите хитови отпеани од Дуле, отсвирени од неговата гитара и виолината на неговиот пријател Коки… Стихови кои Дуле ги остави зад себе!
Почивај во мир! Остануваш да живееш во нашите спомени!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)