| четврток, 6 декември 2018 |

„Хамлет во пикантен сос“ на Театар Комедија со скопска премиера в среда

На денешната прес-конференција Театар Комедија ја најави својата втора премиера за 2013 година, „Хамлет во пикантен сос“ од Алдо Николај, во режија на Александра Кардалевска, која ќе биде изведена в среда. Алдо Николај, користејќи го искуството на некои современи драмски автори што ја обработуваат тематиката на „Хамлет“ од Вилијам Шекспир, во овој текст се занимава со младиот принц и со неговата дилема: „Да се биде или не“, но погледната од еден сосема поинаков агол.  Алдо Николај е поставуван автор на театарските сцени во Македонија и автор на популарната претстава „Умри машки“, која досега е изиграна 155 пати.

Hamlet vo pikanten sos (1)

Како што истакна директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, ова е прва претстава на Театар Комедија во која нема актери гости, и првпат Јелена Жугиќ игра заедно со својот ансамбл.

Hamlet vo pikanten sos (2)

И со овој проект Театар Комедија продолжува со својата практика за театарската сезона 2013 година да соработува и дава можност на млада авторска екипа, како што се сценографот Стефан Спировски, костимографката Маја Димовска, како и режисерката Александра Кардалевска, дополнета со искусниот композитор Оливер Јосифовски.

Режисерката Александра Кардалевска истакна дека и е мило што работи со млад ансамбл и мислам дека е благодет за секој. – Ми се допаѓа кога гледам како мои млади колеги работат во театар затоа што тоа е единствениот начин да стануваме подобри – вели таа.

Hamlet vo pikanten sos (3)

Во претставата играат : Крсте Јовановски, Зорица Стојановска, Кристина Ласовска, Жарко Димоски, Ердоан Максут, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Роберт Ристов, Јелена Жугиќ, Илија Илиоски и Тања Мицков.

Претставата својата премиера ја имаше на меѓународниот фестивал „Охридско лето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top