Ќе остане запаметен како Дуле од Дуле и Коки, иако во последниот период од животот на Душан Љубисављевиќ ова дуо не постоеше. „Виолина и гитара“ е нивниот прв хит со кој победија во нивниот роден град Штип. Многумина ќе го паметат по журките кои со Коки ги правеа по скопските локали, некои по нивните хитови, а не се малку оние кои ќе си споменуваат за „Балканика“ на штипјаните, каде јадеа одлична штипска пастрмајлија.
Весел, харизматичен свој… Беше човек кој постојано нагласуваше дека сака пред очи да му шетаат само насмеани луѓе. Знаеше да се пожали дека извесно време немал видено искрена насмевка, а се плашеше дека ваквата слика ќе биде пострашна во есенски денови кои ни претстојат.
-Секој некаде брза, сите некому му се лути, некој должи некаде, притиснати од сите страни, а уште колку очајно ќе биде пак сега кога ќе се смрачи времето… Еден куп маскаради по кафичите, често заборавам кога сум видел искрена насмевка, без каква било математика во неа. Ајде, луѓе, оптимизам малку, во се има убавина, дури и во лошото – велеше Дуле.
Каде брзаше Дуле? Кому си лут што реши да заминеш толку рано? Ќе им недостигаш на оние кои ги сакаа твоите забави и твоите песни, ќе им недостигаш на оние кои ја сакаа твојата кујна. Ќе им недостиш на твоите најблиски…
Дуле ќе биде погребан утре во неговиот роден град Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)