| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Дортмунд нападнале автобус со жени и деца

Хулиганите од редовите на навивачите на Борусија Дортмунд, во саботата утрото нападнале автобус кој пренесувал фанови на третолигашот Мунстер.

Навивачите на Борусија патувале на гостувањето кај Нирнберг, додека правеле пауза се сретнале обожувателите на Мунстер, од кои повеќете биле жени и деца, но тоа не ги спречило насилниците од Дортмунд да им го искршат автобусот, да им ги украдат знамињата и шаловите и да го истепаат возачот на автобусот.

Полицијата брзо ги пронашла хулиганите и ги привела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top