Фудбалерот Иниеста одби доста интересна понуда, да заработува 12 милиони евра годишно, со што би станал вториот најплатен играч во Барселона, веднаш по Лионел Меси.
Андрес Иниеста ја одби првата понуда од Барса за продолжување на договорот, што е доволен знак за конкурентите да се вклучат во трката за неговиот потпис.
Според пишувањата на медиумите градските ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се најголемите конкуренти за потписот на ѕвездата на Барселона.
Под команда на новиот тренер, Џерард Тата Мартин играта на Барселона е поинаква, аргентинецот сака да има повеќе опции во играта па затоа често ги менува играчите. Единствено само Меси е незаменлив, додека пак Иниеста треба да се прилагодува на новата ситуација што не му одговара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


