Тетовецот Џ.И.(73) починал откако бик налетал врз него и го набил во ѕидот од дворот на нивната семејна куќа во Ново Село, општина Желино, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Несреќата се случила вчера околу 17 часот додека старецот се обидувал да го врзе бикот, кој налетал врз него и го набил во ѕидот од дворот.
Помош на повредениот веднаш му укажале домашните и соседите, но од здобиените повреди Џ.И. починал на пат кон тетовската болница.
– Полицијата разговарала со лекарите во болницата за видот и за карактерот на повредите, како и за причините за смртта по што се упатила на местото од настанот да изврши увид – рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


