| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Центар наплатува паркинг и на необележани тротоари?

g_parkingmob

Граѓаните што живеат или работат на улицата Аминта Трети, поранешна „Ленинова“, реагираат дека во овој реон владее хаос и самоволие за уредување на паркирањето. Тие обвинуваат дека на потегот од Kлубот на пратеници с` до булеварот Партизански одреди нема обележани паркинг-простори на тротоарите, а нема ниту табли од каде што ќе може да се види дека паркирањето е регулирано со ценовник, но сепак тоа им се наплаќа од страна на претпријатието „Паркинзи на Општина Центар“, пишува Дневник.

Обвинувањата на жителите може да се потврдат со мала обиколка на реонот. На овој потег од улицата на тротоарите воопшто не се обележани места за паркирање, а нема ниту табла со ценовник. Единствено може да се забележи еден паркомат. Во околните помали и поспоредни улички има табли дека зонското паркирање е регулирано од „Паркинзи на Општина Центар“ и на овие улички има обележани и паркинг-простори и означени паркинг-зони.

Директорот на „Паркинзи“, Саша Богдановиќ, пак, вели дека овој дел од улицата не е под ничија надлежност кога е во прашање паркирањето. Тој негира дека наплаќаат за паркирање на тротоарите на споменатиот потег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top