| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува судењето за „Монструм“

Во Кривичнот суд во Скопје денеска продолжува судењето за петкратното убиство на Велики четврток минатата година кај Смилковското Езеро близу Скопје.

Во случајот „Монструм“ се обвинети шестмина, од кои на двајца им се суди во отсуство. Судењето почна на 20 декември, но беше одложено на барање на одбраната, која побара увид во списите на предметот, тврдејќи дека им бил ограничен пристапот до доказите.

Обвинителката Гордана Гешковска барањето го оцени како одолговлекување на постапката. Според неа, адвокатите на обвинетите имале можност да направат увид во доказниот материјал, но за тоа немало никаква иницијатива од нив.

Обвинетите се товарат за тероризам. Нивната цел, според обвинителниот акт, била да предизвикаат чуство на несигурност и страв кај населението, преку убиство на граѓани од македонска надионалност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top