| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Истанбул, масовна тепачка и прекин на дербито Бешикташ – Галатасарај (Фото+Видео)

Вистински хаос имаше вечерва во Истанбул на големото дерби меѓу Бешикташ и Галатасарај, а натпреварот е прекинат.

Galta

Фелипе Мело непотребно ги испровоцира навивачите на домашниот тим, покажувајќи го дресот на Галатасарај кон нив, откако беше исклучен во петтата минута од судиското продолжение.

melo

Тоа предизвика вистински рафал од тврди предмети кон него од трибините, а потоа дојде до масовна тепачка меѓу навивачите, која се префрли на теренот.

gakla

До прекинот Галатасарај водеше со 2-1, правејќи пресврт во второто полувреме со двата гола на Дидие Дрогба. По првиот дел беше 1-0 за Бешикташ со погодокот на Алмеида во 18. минута.

galata

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top