| четврток, 6 декември 2018 |

Тринаесетката баксузна за Ди Канио, доби отказ од Сандерленд

По само 13 натпревари како менаџер на Сандерленд, Паоло Ди Канио доби отказ и повеќе не е менаџер на популарните „црни мачки“. Поразот од Вест Бромвич Албион со 0-3 завчера, но и последното место на тимот по пет кола во Премиерлигата беа пресудни контроверзниот Италијанец да добие отказ.

Навивачите на Сандерленд се бунтуваа и кога Ди Канио беше назначен за менаџер на тимот, поради политичките погледи на Ди Канио, кој е симпатизер на фашистичката партија во Италија. Дополнителен проблем за него е и кавгата со играчите, и обвинувањата дека тие се виновни за лошите резултати. Епилогот е „шут карта“ за Ди Канио, а Сандерленд ќе мора да бара нов менаџер, што ќе го извлече тимот од днотот на табелата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top