| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Ретклиф ќе го глуми Фреди Меркјури?

Даниел Редклиф може да го замени Саша Барон Коен во планираниот биографски филм за покојниот фронтмен на групата „Квин“ Фреди Меркјури. Првично ѕвездата од комедијата „Диктаторот“ беше најавен како носител на улогата на легендарниот музичар кој почина од СИДА во 1991 година по петгодишна борба со болеста, за која извести ноќта пред неговата смрт. Поради креативни разлики со преостанатите членови на „Квин“ Брајан Меј и Роџер Тејлор, Саша Барон Коен го напушти филмот. Тие се продуценти и имаат право на вето на сценариото, актерите кои настапуваат и се што е поврзано со производството на филмот.

„Дејли стар“ јавува дека сега улогата може да преземе актерот од „Хари Потер“, кој успеал да ги импресионира филмските шефови и со улогата на геј поетот Ален Гинсберг. Покрај тоа, тој е поблиску до висината на Фреди од Саша, кој е доста повисок.

Продуцентите биле подготвени да му понудат голем хонорар на 24-годишниот актер, кој е и заштитник на правата на хомосексуалците и овој хонорар може да биде највисокиот за него по сагата за Хари Потер.

Постоеше загриженост дека филмот нема да може да се реализира откако сценарист Питер Морган најави дека Саша Коен нема да го глуми Фреди. Продуцентите подоцна ја отфрлија таа можност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top