Серхио Агуеро во 16.минута ги доведе Сити во водство со одличен удар, а Јаја Туре пред истекот на првиот дел зголеми на 2-0.
Канонадата продолжи на самиот почеток од второто полувреме, кога за пет минути Серхио Агуеро и Самир Насри зголемија на убедливи и недостижни 4-0. Јунајтед беше во шок.
Вејн Руни ја спаси честа на својот клуб и само малку го ублажи поразот, постигнувајќи гол од слободен удар во 87.минута од средбата.
Тотенхем во судиското продолжение успеа да даде гол преку Паулињо и да го совлада Кристал Палас на гости со 0-1, па со 12 бодови му се придружи на врвот на табелата во Премиер – лигата на Арсенал, кој е на првата позиција на табелата, по денешниот триумф над Стоук (3-1).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)