| четврток, 6 декември 2018 |

Наоми Кемпбел: Модната индустрија е легло на расизам! (видео)

Поранешната манекенка Наоми Кемпбел е лута поради тоа што тимовите на славните дизајнери се поретко избираат црни девојки.

– Модните ревии ги носат исклучиво бели девојки. Девојките не се избираат врз основа на талентот и убавината, туку поради бојата на кожата. Модната индустрија е легло на расизмот, вели Наоми и додава дека таа е првиот модел со темна боја на кожата што ја красел насловната страна на британското издание на магазинот „Вог“.

Убавата манекенка додава дека на модната недела во Њујорк видела само 15 проценти црни модели или Азијатки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top