Прилепчанец, вчера, брутално си ја претепал сопругата во нивната семејна куќа, јави прилепската полиција.
Според полицијата, инцидентот се случил вчера кога мажот по вербална расправија со 51 годишната сопруга прво ја турнал од столица, а откако таа паднала, почнал да ја клоца и да ја удира со тупаници.
Жената веднаш е пренесена во болница каде и биле утврдени тешки повреди во пределот на лицето и телото. Полицијата работи на случајот по што се очекува да поднесе кривична пријава за семејно насилство против сопругот. Жената пред полицијата изјавила дека не било прв пат сопругот да ја тепа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејна драма во Трубарево: Мајка со маша ја претепала и ја избркала од дома 13 – годишната ќерка
-
Жена претепана од сопругот во Кондово: Паднала во безсознание, соседите морале да викаат Брза помош
-
Семејно насилство во струшко: Крвнички ја претепал сопругата, едвај се спасила
-
Девојка претепана од невенчаниот сопруг


